Избор на патниците: 10 туристички атракции во светот кои треба да ги посетите оваа година

Точка

23/06/2022

13:58

33.436

Големина на фонт

а а а

Наградата „Travellers' Choice“ за најдобри туристички искуства ги слави прекрасните туристички тури и активности, а се доделува во различни категории врз основа на оцените на корисниците на „TripAdvisor“ во претходните 12 месеци.

Дали сте ја посетиле Саграда Фамилија во Барселона? Недовршената базилика на Светото семејство е ремек-дело на архитектот Антонио Гауди која привлекува големо внимание кај туристите од целиот свет.

Токму Саграда Фамилија го зазеде првото место на листата на туристички атракции на „TripAdvisor“ кои треба да се посетат во 2022 година во склоп на традиционалниот избор „Travellers' Choice“.

На второ место на листата се најде Колосеумот во Рим, а по него е Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк. Корисниците на „TripAdvisor“ им доделиле високи оценки и на Големата џамија на шеикот Зајед во Абу Даби, галеријата Уфици во Фиренца и Шпанскиот плоштад во Севиља.

На топ 10 листата свое место пронашле и водопадите Игуасу во Бразил, но и Градината на боговите во Колорадо, САД.

Вака изгледа целосната листа на дестинации кои треба да ги посетите во 2022 година:

1. Саграда Фамилија, Барселона, Шпанија


2. Колосеум, Рим, Италија


3. Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк, САД


4. Големата џамија „Шеик Зајед“, Абу Дабу, ОАЕ


5. Галерија Уфици, Фиренца, Италија


6. Шпански плоштад, Севиља, Шпанија


7. Водопади Игуасу, Фоз ду Игуасу, Бразил


8. Римски бањи, Бат, Велика Британија


9. Градина на боговите, Колорадо, САД


10. Фонтана Треви, Рим, Италија




Спонзорирани линкови

Маркетинг