Сеизмолог од Хрватска објаснува зошто во земјотресот во Авганистан загинале толку луѓе

Точка

23/06/2022

19:10

3.841

Големина на фонт

а а а

Сеизмологот Инес Иванчиќ гостувала во емисијата „Нов ден“ на „N1“ и го коментирала силниот земјотрес кој го погоди Авганистан, во кој загинале речиси илјада луѓе.

„Земјотресот се споредува со петринајскиот потрес, но се случи во подрачје кое е многу густо населено и со градби кои воопшто не се градени за да издржат земјотрес, па при вакви потреси се случуваат големи штети“, рекла Иванчиќ.

Запрашана зошто во земјотрес кој е нешто послаб од тој во Петриња загинале толку луѓе, Иванчиќ рекле дека во тој дел на светот, каде има многу густа населеност, куќите по правило се градат многу лошо и од кал, па кога се случува толку силен земјотрес, се случуваат и големи загуби.


Инаку, вели Иванчиќ, станува збор за сеизмички многу активно подрачје, а самиот потрес се случил на допир на две тектонски плочи, индиската и евроазиската, каде инаку се случуваат многу силни земјотреси.

Таа ги коментирала и послабите земјотреси забележани во Загреб.

„Тоа се земјотреси кои секогаш се случуваат, ние предупредуваме на тоа. Станува збор за дополнителни потреси кои се случуваат при смирување и кои секогаш се очекуваат. Тука нема ништо необично“, заклучила Иванчиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг