Скриеното богатство на Грција: Тајниот бисер којшто туристите сè уште не го „окупирале“

Точка

22/06/2022

20:47

34.097

Големина на фонт

а а а

Софистициран и богат со историја, островот Андрос за среќа не ја жртвувал својата традиционална убавина и карактер на масовен туризам.

Андрос не е типичен остров на Киклади и се разликува од останатите, пред сè по елегантната архитектура, но и по дивото зеленило во внатрешноста на островот, како и прекрасните плажи.

Островот Андрос е оддалечен на околу 100 километри од Атина и потребно е нешто повеќе од еден час возење со брод за да стигнете до него од грчката престолнина.

До овој остров на Кикладите се стигнува со траект од пристаништето Рафина, а во текот на летната сезона Андрос е поврзан со Миконос, Наксос, Парос и Санторини.

Островот изобилува со географски контрасти и комбинира сув кикладски пејзаж со богата вегетација и обилната вода.

Тоа е единствениот кикладски остров чии изворски води постојат – реките кои течат во текот на целата година и се влеваат во морето.

Андрос е релативно голем остров, но на него живеат само 10.000 луѓе, во три поголеми градови.

Андрос е богат остров и поради тоа не зависи од туризмот, па дури и денес не е „окупиран“ од туристите. Таму има најмногу Грци, Италијанци и Французи кои доаѓаат за да уживаат во прекрасната храна и убавината на морето.

Живописната престолнина на островот, гратчето Андрос или Хора, се наоѓа на истокот меѓу песочните плажи Неиборио и Парапорти.

Центарот на Андрос претставува специфичен спој на венецијанска, византиска и османлиска архитектура. Комбинација на куќи, тесни улички, музеи и плажа на камени патеки, го прават овој град незаборавна дестинација за сите љубители на уметноста и архитектурата.

Градот Гаврио сместен е на западниот дел на островот и оттаму си заминуваат и пристигнуваат сите траекти. Таму посетителите можат да најдат бројни ресторани и таверни, продавници за сувенири, банки, агенции за изнајмување на автомобили, супермаркети.

На брдото над Гаврио се наоѓа кулата Агиос Петрос, а се смета дека е изградена во 3-ти или 4-ти век пред наша ера и сè уште е добро сочувана.

Оние кои сакаат подинамичен одмор можат да го најдат во Батси којшто е оддалечен на 10-на минути возење од Гарви. Батси е некогашно рибарско село, но поради својата живост, прекрасен брег и песочни плажи станало најпопуларното туристичко место во Андрос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг