Ким Кардашијан одговори на обвинувањата дека го оштетила култниот фустан на Мерлин Монро што го носеше на овогодишната Мет Гала.
За потсетување, колекционерот Скот Фортнер објави дека фустанот е растегнат и дека недостасуваат кристали. Тој смета дека Кардашијан го носела поради „публицитет“.
„Во медиумите се појавија информации дека фустанот е оштетен. Претпоставувам дека тоа не е точно?“, прашала Хода Котб, водителка на емисијата „Today“.
„Не. Екипата од компанијата Ripley's и јас се погриживме сè да биде добро. Фустанот го носев со помош на асистенти кои носеа заштитни ракавици“, одговорила Ким.
Таа додала дека на Мет Гала дошла во наметка и папучи. Фустанот го облекла непосредно пред да се појави на црвениот тепих.
„Го носев околу три или четири минути. Ја почитувам Мерилин. Знам колку овој фустан е значаен за американската историја“, заклучила Ким.