Овошје кое е спас за црниот дроб, цревата и високиот холестерол: Но, доколку спаѓате во оваа група на луѓе, треба да го избегнувате

Точка

22/06/2022

17:47

23.638

Големина на фонт

а а а

Кајсиите содржат голема количина антиоксиданти кои се клучни за јакнење на имунитетот и намалување на оксидативниот стрес – сето тоа влијае на помоќна способноста на организмот подобро да се штити од инфекции, воспаленија, но и сериозни болести.

Исклучително се хранливи, а покрај тоа што го подобруваат варењето на храната, многу се корисни и за нашите очи.

Содржат голема количина на витамини и минерали, а притоа имаат и исклучително малку калории. Во две кајсии се наоѓаат: многу малку калории (само 34), 34,8 грама јаглехидрати, 1 грам протеини, малку масти, 4 отсто калиум, малку растителни влакна, но и витамини А, Ц и Е.

Освен тоа, кајсиите содржат и бета-каротен, лутеин и зеаксантин, моќни антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес.


Исто така, не е занемарлива ниту количината на растителни влакна во кајсиите која погодно делува на црвета и целокупниот систем за варење.

Најдобро е да ги јадете цели, неизлупени, но пред тоа потребно е добро да ги измиете. Препорака од нутриционистите е што почесто да се најдат на вашата трпеза.

Внимание – кајсиите имаат високо ниво на калиум

Кајсиите се богати со калиум, минерал кој исто така служи како електролит. Во вашето тело тој е одговорен за испраќање на нервни сигнали и регулирање на мускулните контракции и рамнотежата на течности.

Две кајсии калиум обезбедуваат 181 милиграми од овој минерал, што е 4 отсто од дневната потреба. Со оглед на тоа што калиумот блиско соработува со натриумот за да се одржи рамнотежа на течностите, адекватен внес може да помогне во спречување на дуење и одржување на здравиот крвен притисок.


Една анализа од 33 студии открила дека исхраната богата со калиум значително го намалува крвниот притисок и резултира со 24 отсто помал ризик од мозочен удар.

Меѓутоа, важно е да се спомене дека луѓето кои имаат кардиоваскуларни или бубрежни проблеми не треба да внесуваат многу од ова овошје, а најдобро е целосно да го избегнуваат. Особено доколку се на редовна терапија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг