Српскиот тенисер Лука Стојановиќ бил тешко ранет во пукање кое се случило на 13-тиот мај оваа година во САД.
Според наводите на девојката на Лука, Мишел, тој бил тешко ранет во моментот кога го поправал своето возило. Бидејќи автомобилот не му звучел како што треба, Лука отишол до предната страна за да погледне за што станува збор.
Кога завршил со поправката и станал, забележал момче во автомобилот. Се утврдило дека напаѓачот бил и вооружен, па при бегањето извадил пиштол и пукал во несреќниот тенисер, наведува партнерката на српскиот тенисер.
Според неофицијалните информации, се претпоставува дека мотивот на напаѓачот бил грабеж. Имено, како што е претпоставува, напаѓачот влегол во автомобилот со намера да го украде, но не очекувал дека Лука ќе се појави. Во тој момент напаѓачот пукал во српскиот спортист.
Куршумот го погодил во нога, во главната артерија, крварењето било обилно и секоја секунда значела живот. Со последните атоми на силата Лука се јавил во полиција и со пешкир се обидел да го сопре крварењето.
„Благодарение на неговата присебност да се јави во полиција и да искористи пешкир за да го сопре крварењето, мојот Лука преживеа. За среќа, еден полицаец беше во близина и брзо пристигна на местото на нападот, па му пружи прва помош. Подоцна докторите ни кажаа дека Лука ќе починел ако полицаецот дошол четири минути подоцна“, рекла Мишел.