Ѕола за најавената „тројка“ во Интер: Тоа е коцка, ама вреди да се ризикува

Дерби

22/06/2022

16:19

3.270

Големина на фонт

а а а

Поранешната ѕвезда на Челси и екс италијански репрезентативец, Џанфранко Ѕола даде свој коментар за неколку прашања, теми поврзани со најсилната конкуренција на Апенините.

Интер е на добар пат да го врати Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“, а во исто време работи на трансферот на Пауло Дибала, па во моментов воопшто не изгледа нереално клубот во наредната сезона да има страшна напаѓачка тројка која е заокружена со Лаутаро Мартинез.

Многумина се прашуваат како истата би функционирала на теренот, па за ова свој став има Ѕола кој смета дека се работи за ризик, но вреди истиот да се проба.

- Тие се тројца врвни напаѓачи. Дибала како плејмејкер и другите двајца на врвот, зошто да не? Тие гарантираат многу квалитет во напаѓачкиот дел од теренот, а потоа треба да видиме како Симоне Инѕаги ќе го постави остатокот од тимот.

- Наоѓањето рамнотежа е од фундаментално значење за да се осигура дека одбранбената страна нема да страда. Тоа е коцкање, но вреди да се ризикува, - вели Ѕола кој исто смета дека триумфот на Рома во конференциската лига може да донесе многу позитивни работи за „волчицата“.

- Имам идеја: Победата во Конференциската лига може да биде како отскочна даска за целата наредна сезона. Рома напредува со ентузијазам, а Мурињо е брилијантен во тоа, - рече Италијанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг