Оваа чорба од домати се подготвува многу брзо, а нејзиниот вкус е совршен.
- 3 лажици масло
- 2 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- 500 мл. пасирани домати
- 500 мл. вода
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сув зачин
- магдонос, црн бибер
- тестенини (по избор)
Во тенџере на загреано масло пропржете го ситно исечканиот лук, околу 1 минута, а потоа додајте го брашното и промешајте.
Тргнете го тенџерето од оган и постепено додавајте ги доматите со постојано мешање за да не се создадат грутки. Додајте ја и водата и вратете го тенџерето на оган.
Во тенџерето додајте ги и тестенините, а потоа и шеќерот, сувиот зачин, магдоносот (свеж или сув) и на крајот додајте црн бибер.
Во случај чорбата да е поретка, растворете 1 лажичка густин во малку вода и додајте ја во зовриената смеса.