Финска се подготвува со децении: „Ќе се бориме“

Точка

22/06/2022

20:28

4.452

Големина на фонт

а а а

Финска со децении се подготвува за руски напад и би пружила силен отпор доколку дојде до него.

Тоа денеска го изјавил началникот на вооружените сили на таа земја, генерал Тимо Кивинен.

„Нашата земја изгради значаен арсенал оружје, но покрај воена опрема, клучен фактор е што Финците ќе бидат мотивирани да се борат“, порачал генерал Кивинен, пренесува „Reuters“.


„Ние систематски ја развивавме нашата воена одбрана токму за овој вид на војување кое се води во Украина, со масовна употреба на оклопни сили, но и воздухопловство“, рекол Кивинен. Како што оценил, Украина била тежок залак за Русија, а тоа би била и Финска. Оваа нација од 5,5 милиони луѓе има воена сила од околу 280.00 војници со 870.000 обучени резервисти. Не ја укинала воената обврска за мажи како што тоа го направиле многу други западни нации по завршувањето на Студената војна. Финска троши два проценти од својот БДП на одбрана, што е повисоко ниво на потрошувачка од многу земји во НАТО. Околу 82 проценти од испитаниците во анкетата на Министерството за одбрана од 18-ти мај рекле дека би биле подготвени да учествуваат во националната одбрана, доколку Финска биде нападната. Кивинен ја поздравил одлуката на Финска за членство во НАТО.


„Членството во НАТО би и овозможило на Финска да го зголеми својот капацитет за воено предупредување, така што ќе биде дел заедничката контрола на воздушниот простор на Алијансата“, порачал Кивинен. Исто така додал дека Финска би имала корист од одвраќањето, во кој нападот на една членка е напад на сите нејзини членки.

„Сепак, главната одговорност за одбраната на Финска и натаму ќе ја сноси Финска“, порачал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг