(Фото) „Во него се заљубив на прв поглед“: Бразилка се „омажила“ со машка кукла - тврди дека станале родители

Точка

22/06/2022

15:43

56.163

Големина на фонт

а а а

Бразилката Меиривоне Роша Мораеш решила да се „омажи“ за машката кукла по име Марсело, а по венчавката станале „родители“.

Меиривоне претходно ѝ се пожалила на мајка си дека се чувствува осамено бидејќи нема партнер. Поради оваа причина, нејзината мајка решила да ѝ ја поклони Марсело.


„Во него се заљубив на прв поглед. Конечно добив маж со кој можам да одам на часови по танц. Мојот живот доби смисла“, рекла Меиривоне во интервју за магазинот „Need To Know“.

На свадбата наводно присуствувале 250 гости, а парот потоа заминал на меден месец во Рио де Жанеиро.

„Тоа е многу посебен ден. Бевме преплавени со емоции“, додала таа.


Нивниот „син“ Марселињо „се родил“ на 21 мај. Меиривоне рекла дека породувањето не било болно.

„Контракциите беа благи. Го родив за 35 минути. Ме навредува кога луѓето ми велат дека лажам. Моите родители ме научија да бидам искрена и секогаш да ја зборувам вистината“, рекла таа.

Очекувано, оваа вест стана хит на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека на оваа жена ѝ е потребна помош.

„Итно ѝ треба психијатар“, напишал еден корисник на Твитер.

„Се надевам дека ова е само добра шега“, додал друг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг