На почетокот од кариерата ѝ кажувале дека е грда: Популарната актерка го прослави 73-от роденден, а оваа непријатност од младоста секогаш ќе ја памети

Точка

22/06/2022

16:20

8.881

Големина на фонт

а а а

Популарната холивудска актерка, Мерил Стрип, денеска го слави својот 73-ти роденден.

Актерката е родена во 1949 година во Њу Џерси, а пораснала со родителите и двајцата браќа во Бернардсвил, додека пак се школувала на Васар Колеџ во Јејл.

На почеток ја одбивале на аудициите, ѝ зборувале дека е грда. А, таа стана една од најголемите и најдобри актерки во историјата на Холивуд.


Во текот на 70-те години, кога сè уште била млада, неафирмирана актерка, дошла на аудиција за филмот „King Kong“ во режија на Дино де Лаурентис, а анегдотата оттаму актерката и денес ја раскажува.

„Влегов во таа фасцинантна канцеларија на 33-от кат на една зграда во Менхетен. Де Лаурентис во текот на аудицијата погледна право во мене, па во својот син и кратко прокоментира: „Brutta“.

Поради тоа што јас зборувам и италијански, разбрав дека кажа дека сум грда, па му одговорив: „Ве разбрав, жал ми е што не сум доволно убава за King Kong“, и излегла од канцеларијата.

Колку популарниот режисер подоцна се каел, можеме само да претпоставиме. Актерката била номинирана дури 21 пат за престижната филмска награда Оскар, а го освоила три пати.


Иако на почеток од кариерата ѝ кажувале дека е грда, Мерил и денес е една од највпечатливите актерки во Холивуд, без оглед на фактот што ја „гази“ 8-та деценија, а нејзиниот изглед докажува дека природното стареење може да ја зачува убавината на една жена и дека е поубава од многу од нејзините врснички кои се обиделе со операции да ја постигнат „втората младост“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг