Беше секс-симбол по кој мажите тајно пателе, а сега пред олтар ќе застане со – жена

Точка

22/06/2022

14:14

9.848

Големина на фонт

а а а

Саманта Фокс и нејзината партнерка Линда Олсен ќе се венчаат во Есекс, а Линда се пофалила и со наоѓањето на венчаница на социјалните мрежи.

Пејачката Саманта Фокс и нејзината партнерка Линда Олсен, конечно ќе се венчаат во Есекс, откако венчавката во 2020 година морале да ја откажат поради ситуацијата со коронавирусот.

Линда пред еден месец на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира со насмевка на лицето во салонот за венчаници. По долго барање таа успеала да ја пронајде својата совршена венчаница за тој посебен ден.


„Нашиот голем ден е сè поблиску“, напишала таа во описот на фотографијата.

Пријателите ѝ упатиле зборови за поддршка и ѝ честитале под фотографијата: „Ќе изгледаш прекрасно“, „Одвај чекам, толку сум возбудена“, „Конечно“, „Честитки“, „Ќе бидеш најубавата невеста“.

Близок извор до партнерката за „Daily Mail“ изјавил: „Тие две одвај го чекаат тој ден“.

Инаку, Фокс од 2016 година е во врска со Норвежанката, мајка на двајца синови кои ги води низ приватниот живот, а пејачката истакнала дека ѝ е драго што не е како таа во шоубизнисот. Тие се вериле во 2020 година.


Саманта го освои светот во 80-те години со својата музика, но и сексапилот, па поради тоа има голем број на обожаватели.

Саманта станала сензација „преку ноќ“, откако како 16-годишно девојче позирало топлес за славниот „Page 3“ на британскиот магазин „The Sun“. Била најмлад модел којшто успеал да се појави таму, па набрзо ја стекнала титулата „pin-up“ девојка од тој период.

Кога ја освоила јавноста со својот изглед и сексапил, го покажа и својот талент за пеење. Саманта во 1986 година го објавила синглот „Touch Me“ којшто ги освоил музичките листи и бил на прво место во дури 17 земји.


Популарни биле и нејзините песни „Naughty Girls“ и „Wanna Have Some Fun“, а во 1988 година била номинирана за наградата „Brit“ во категорија најдобра женска музичка уметница.

Додека ја градела својата пејачка кариера, Саманта одлучила да ја запостави кариерата како модел. Се појавила уште неколку пати во магазинот „The Sun“, но кога „Page 3“ славел 25 години и тогаш се соблекла гола и позирала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг