Овошје кое ги убива клетките на рак, го намалува ризикот од дијабетес и изобилува со витамин Ц

Точка

22/06/2022

14:01

22.515

Големина на фонт

а а а

Јаболкото е богато со хранливи состојки, а речиси сите потребни нутриенти се присутни барем во минимални количини.

Ова овошје често е дел од диетите за слабеење бидејќи содржи повеќе од 10 отсто од дневната потребна количина на диетални влакна која ја препорачуваат нутриционистите.

Но, јаболката не нѝ помагаат само при слабеење - ова се болестите кои можете да ги спречите со нивна консумација:

Влакната од јаболката го намалуваат ризикот од Паркинсонова болест

Луѓето кои јадат храна богата со влакна добиваат одредена заштита од развој на Паркинсонова болест. Оваа болест се карактеризира со нарушување на централниот нервен систем, а јаболкото содржи флавоноиди - фитохемикалии кои имаат антиоксидативно влијание на нервниот систем.


Јаболката го намалуваат ризикот од дијабетес

Жените кои јадат најмалку едно јаболко дневно имаат 28 отсто помали шанси да заболат од дијабетес тип 2. Јаболкото е богато со влакна и антоцијанин, антиоксидант кој го раствора шеќерот во крвта и е заслужен за боите на овошјето и зеленчукот - црвена, сина и виолетова.

Поради богатата количина на претходно споменатите флавоноиди, јаболкото го намалува ризикот од рак на простата и бели дробови. Во кората на плодот се наоѓаат бројни слоеви наречени тритерпеноиди кои можат да спречат развој или да ги убијат клетките на рак, а тоа особено се однесува на рак на црн дроб, дебело црево и дојка.


Јаболката се богати и со витамин Ц - во едно јаболко со просечна големина има околу 8 милиграми витамин Ц што е 14 отсто од дневните потреби. Недостатокот од овој витамин доведува до побавно закрепнување на организмот од вирусни инфекции, крварење на непцата и појава на модринки.

Растворливите влакна во јаболкото се врзуваат со мастите во цревата, а пектинот спречува апсорпција на масти со што се намалува нивото на холестерол во крвта. Наталожениот холестерол може да ги стесни артериите и да го намали дотокот на крвта во срцето што доведува до болести на коронарните артерии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг