Вилнев објасни зошто Ферстапен не е „вистински“ шампион: Мора да влезе во одбрано друштво

Макфакс

22/06/2022

11:58

39.739

Големина на фонт

а а а

Минатиов викенд се одржа трката за Големата награда на Канада на која најдобар, најбрз беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Холанѓанецот најдобро се снајде на стазата во Монтреал или поточно ја потврди пол позицијата која ја освои во квалификациите со тоа што во неделата најголем ривал му беше Карлос Саинц од Ферари.

Ова за Макс беше прво славје во Канада, а по истото интересен коментар имаше некогашниот Ф1 шампион Жак Вилнев.

- Разочаран сум што Макс не влезе во клубот на асовите кои барем еднаш удриле во „Ѕидот на шампионите“ на излезот од последниот свиок. Само кога тоа ќе го направи ќе биде вистински шампион, - порача Вилнев ни насмевка.

- Јас прв тоа го направив, потоа Михаел Шумахер, Дејмон Хил, Џенсон Батон, Себастијан Фетел. Значи Макс мора да удри во ѕидот и да влезе во одбрано друштво, - дополни Канаѓанецот.

Ферстапен е водечки во генералниот пласман со 175 поени, втор е неговиот клупски колега Серхио Перез со 129, додека трет е Шарл Леклер со 126 бодови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг