Манастирски паприкаш: Идеален оброк за посни денови, сочен и полн со витамини

Точка

22/06/2022

13:01

32.674

Големина на фонт

а а а

Денеска ви носиме рецепт за лесен, а истовремено и превкусен оброк, кој може да го подготвите во денови кога постите.

Состојки:

- 1/2 кг компири

- 1/2 кг кромид

- 2 моркови

- 4 црвени пиперки

- 1 китка магдонос

- 2 лажици сув зачин

- 2 лажици брашно

- мелена пиперка

- сол


Подготовка:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, прелијте ги со вода и додадете ги исечканите кромид, моркови, пиперки. Сето тоа сварете го. Во малку вода измешајте ги брашното и мелената пиперка и додадете ги во тенџерето.

Додадете зачин по вкус, па тргнете го тенџерето од шпорет и додадете го ситно исечканиот магдонос.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг