Денеска ви носиме рецепт за лесен, а истовремено и превкусен оброк, кој може да го подготвите во денови кога постите.
- 1/2 кг компири
- 1/2 кг кромид
- 2 моркови
- 4 црвени пиперки
- 1 китка магдонос
- 2 лажици сув зачин
- 2 лажици брашно
- мелена пиперка
- сол
Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, прелијте ги со вода и додадете ги исечканите кромид, моркови, пиперки. Сето тоа сварете го. Во малку вода измешајте ги брашното и мелената пиперка и додадете ги во тенџерето.
Додадете зачин по вкус, па тргнете го тенџерето од шпорет и додадете го ситно исечканиот магдонос.
На здравје!