Луѓето масовно се шегуваат со фотографијата од Макрон и Зеленски: „Сега разбирам зошто Путин има толку долга маса“

Точка

22/06/2022

11:25

19.044

Големина на фонт

а а а

Фотографијата на која францускиот претседател Емануел Макрон ентузијастично го прегрнува украинскиот претседател Володимир Зеленски стана хит на интернет.

Фотографот на „AFP“, Лудовик Марин, кој ја направил фотографијата во Киев минатата недела, рекол дека Макрон одеднаш започнал да му зборува на уво на Зеленски, откако ја одржале заедничката конференција за новинари со останатите челници на Европската Унија.

„Зошто Зеленски нè гледа? Не знам“, ја прокоментирал Марин фотографијата.

Наизглед непријатниот момент брзо стана предмет на шега на социјалните мрежи.

„Твојот израз на лицето кога ќе ти каже: Тоа што разговарам со него не значи ништо, отсекогаш сум те сакал тебе“, се пошегувала украинската новинарка Тања Козирева.

„Пронајдете некој кој ќе ве гледа како што Макрон го гледа Зеленски“, напишал друг корисник на Твитер.

„Сега разбирам зошто Путин има толку долга маса“, напишал трет корисник на Твитер, алудирајќи на фотографијата од Путин и Макрон кои седат на спротивни краеви на масата во текот на состанокот во февруари во Москва.

Макрон како инспирација за мемиња

Ова не е првпат францускиот претседател да стане интернет меме.

Во март оваа година Макрон се појави во Златната соба на Елисејската палата во дуксер и фармерки, поради што многумина воочиле дека го копира Зеленски кој инаку негува таков лежерен стил.

Само еден месец подоцна, Макрон се фотографираше со откопчана кошула, што исто така не помина незабележано.

Социјалните мрежи во 2017 година беа преполни со шеги поради ракувањето на Емануел со тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп. Макрон наводно се ракувал со Трамп толку цврсто што му оставил отпечаток на неговата рака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг