Дали е реално жена во 6-та деценија од животот да изгледа волку добро?

Точка

21/06/2022

16:20

19.791

Големина на фонт

а а а

Реалити ѕвездата Бетени Френкл уште еднаш покажа дека со добра причина ја носи титулата на една од најзгодните жени на светот. И покрај тоа што има 51 година, таа без проблем може да застане рамо до рамо со многу помлади девојки.

Неодамна папараците ја „уловиле“ Бетени на една плажа во Мајами каде одмарала со своите пријатели, а штом фотографиите се појавија на социјалните мрежи, следела лавина од позитивни коментари.


Френкл избрала едноделен костим за капење со интересен дезен, а стајлингот за на плажа го надополнила со шешир и црни очила за сонце.

Според зборовите на модните дизајнери, ваквите модели на костими за капење ќе бидат исклучително популарни ова лето додека дводелните заминуваат на пауза. Едноделните костими за капење се омилени на многу жени поради фактот што се удобни за носење, а воедно ја издолжуваат фигурата и го прикриваат стомакот.


„Оваа жена изгледа како божица“, „Секоја чест. Јас имам 50 години и добро знам колку е тешко да го задржите добриот изглед“, „Сакам да изгледам волку добро на нејзини години“, гласат дел од коментарите по повод фотографиите од Бетени.







Спонзорирани линкови

Маркетинг