Оскаровецот силувал жена и два дена ја држел во хотелска соба, поради повреди завршила во болница

Точка

21/06/2022

13:28

9.774

Големина на фонт

а а а

Оскаровецот наводно силувал жена и ја чувал како предмет, а сега тој е уапсен во Италија.

Американскиот режисер Пол Хегис е уапсен во Италија поради обвинение дека чувал жена како предмет и ја силувал два дена во својата хотелска соба.

Според пишувањата на италијанските медиуми, жртвата била оставена на аеродром со бројни повреди, а алармирала и полицијата, додека пак потоа ја раскажала морничавата приказна.


Хегис, добитник на Оскар за филмот „Судар“ од 2006 година, престојува во Италија поради еден фестивал. Наводно тој со себе довел „помлада жена од странство“, а потоа ја однел на аеродром со намера да ја испрати надвор од Италија. На аеродром влегле во конфликт, а тој си заминал, по што таа повикала полиција.

Жената била пренесена во болница поради здобиените повреди, а режисерот бил задржан во полиција. Хегис (69) е познат и по филмовите „Девојка од милион долари“, „Казино Ројал“, за кои го напишал сценариото.

Неговите адвокати демантираат дека нападот воопшто се случил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг