Фердинанд за ѕвездата која доживеа голема промена во Јунајтед: Оди во рикверц и сигурно се чувствува како зајак!

Дерби

21/06/2022

12:00

3.239

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд беше еден од оние кои беа најголеми оптимисти по летниот преоден рок кој го изрежира Манчестер Јунајтед минатото лето, трансфер пазар во кој „ѓаволите“ ангажираа три високо квалитетни фудбалери во Џејдон Санчо, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан.

Од прикажаното на сите тројца, пофалби можат да се доделат само за искусниот португалски голгетер, додека останатите двајца имаа премиерни сезони за заборав во Манчестер Јунајтед и ќе мора напорно да работат за да го поправат впечатокот.

Во своето последно обраќање, Рио посебно се задржа на дефанзивецот како поранешен легендарен стопер на Јунајтед и објасни каква болна трансформација доживеал Варан поради лошата структура во Манчестер.

– Варан доживеа огромна промена, дојде од место кое функционираше како тим на највисоко ниво, опкружен со играчи кои го даваат максимумот константно, а потоа тука отиде во рикверц, се најде во ситуација во која нема функционалност. Тимот на Јунајтед немаше самодоверба и немаше структура.

– Да одите од тим од светска класа во култура каде стандардите се такви какви што се во моментов во Јунајтед, тоа е огромна промена. Сигурно се чувствувал како зајак кога ќе види светло од автомобил „си вели што е ова“. И од негова страна, мора да кажеме дека не беше играчот кој сите го очекувавме, самиот ќе ви го каже тоа. Мора да го подигне нивото, но не може сам, потребна му е помош, – вели Рио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг