Матеус со оценка за трансферот на Мане и ја посочи идеалната замена за Левандовски

Дерби

21/06/2022

10:59

2.972

Големина на фонт

а а а

Садио Мане веројатно утре ќе биде претставен како нов играч на Баерн Минхен, со што Сенегалецот ќе биде еден од најважните трансфери во текот на летниот преоден рок.

Германската легенда Лотар Матеус смета дека тоа е одлична вест за Баерн, но и за Бундеслигата.

– Трансферот на Мане е одлично не само за Баерн, но и за целата лига.

– Фактот што толку голем фудбалер ќе игра во Германија е одличен, се работи за играч кој прави разлика на теренот.

– Во Ливерпул тој даваше голови и реализираше асистенции со такво темпо кое ретко на кого му успеало последните години. Среќен сум што ќе го гледам во дресот на Баерн, честитки за сите инволвирани во овој трансфер, – изјавил Матеус.

– За мене Лукаку е единствена и идеална замена за Левандовски, а во спротивно тренерот Нагелсман ќе треба да ја промени формацијата и да игра со тројца офанзивни фудбалери. Тоа не би било во стилот на Баерн кој секогаш имал класична „деветка“, – вели Матеус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг