Чудовиште од Меконг: Во Камбоџа уловена најголемата слатководна риба, тешка 300 килограми

Точка

21/06/2022

10:00

15.819

Големина на фонт

а а а

Во реката Меконг во Камбоџа фатена е раја од 300 килограми, најголема слатководна риба, велат научниците.

Најголемата слатководна риба, раја тешка дури 300 килограми, е уловена во Камбоџа, во реката Меконг.

„За 20 години истражување на џиновски риби во реки и езера на шест континенти, ова е најголемата слатководна риба која сме ја сретнале или документирале каде било во светот“, рекол биологот кој води проект за зачувување на Чудата на Меконг, Зеб Хоган.

Хоган, исто така професор на универзитетот во Невада, рекол дека пронаоѓањето и документирањето на оваа риба е исклучителен и редок знак на надеж, со оглед на тоа што се случувало во Меконг, река која моментално се соочува со многу предизвици, пишува „BBC“.

Локален рибар на островот Ко Преа им се јавил на научниците на 13-ти јуни и им кажал дека уловил голема раја. Се утврдило дека е долга 3,98 метри и широка 2,2 метри. Кога била опремена со ознака за следење, рајата била пуштена назад во реката.

Пред тоа, рекордот го држел џиновски сом уловен на Тајланд.

Posted by Wonders of the Mekong on Monday, 20 June 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг