Ферстапен стравувал дека Ферари се пребрзи

Макфакс

20/06/2022

18:45

36.844

Големина на фонт

а а а

Светскиот шампион Макс Ферстапен можеби изгледал сигурен во одбраната на првото место од Карлос Саинс Јуниор во финишот на вчерашното Канадско ГП, но признава дека стравувал дека болидите на Ферари се многу побрзи од неговиот Ред бул.

По излегувањето на безбедносното возило по инцидентот на Јуки Цунода во Алфа Таури, Саинс беше веднаш зад Ферстапен во последните десетина круга, пред Холанѓанецот да стигне до својата шеста победа оваа сезона.

„Очекував дека ќе имаме малку поголема брзина, но очигледно беше дека заостануваме зад Карлос. Беше малку потешко од очекувањата. Сепак, имавме добра стратегија и направивме предност која не беше сигурна. Знаев дека не смеам да направам ниту мала грешка, но тоа е тркањето. Секогаш е позадоволувачки да одиш до максимум отколку да ги штедиш гумите. Вистинско тркање“, вели Ферстапен.

Откако на стартот на сезоната, по првите три трки заостануваше 46 поени, Ферстапен сега има идентична предност од 46 поени во генерален пласман пред колегата Серхио Перез, но вели дека тоа не значи ништо.

„Има уште многу трки до крајот и иако разликата е голема, знаеме колку бргу може ситуцијта да се смени. Сега мораме да останеме смирени и да работиме, бидејќи во Канада не бевме најбрзи“, вели Ферстапен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг