Гвардиола за трансфер метата на Лапорта: Не сметам на играчи кои не сакаат да бидат во мојот тим

Дерби

20/06/2022

17:36

4.309

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола и Жоан Лапорта денеска го најавија пријателскиот меч меѓу Барселона и Манчестер Сити кој ќе се одигра на 24-ти август на „Камп Ноу“, натпревар кој ќе има хуманитарен карактер и од кој ќе се соберат средства за борба против дегенеративната болест, АЛС (Амиотрофична латерална склероза).

Дел од промоцијата бил и поранешниот голман на Барса, Хуан Карлос Унзуе кој за жал се бори со оваа смртоносна болест, но обраќањето на Гвардиола и Лапорта привлекло внимание и поради името на еден играч кое било посебно потенцирално.

Бернардо Силва се смета за голема мета на Барселона доколку Френки Де Јонг заврши во Манчестер Јунајтед, па Лапорта директно го запрашал Пеп дали и Португалецот ќе биде дел од неговиот тим на 24-ти август.

– Ќе бидеме Бернардо Силва и уште десет други…..

– Да бидеме јасни, до ден денска, сметам дека Бернардо ќе остане со нас. Но, како што сум велел отсекогаш, јас не сметам на играчи кои не сакаат да бидат дел од тимот. До денес ми нема ништо кажано и мислам дека Бернардо ќе остане со нас, – изјавил Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг