Алекс Родригез (46) брзо нашол утеха откако ја загуби Џенифер Лопез.
Додека пејачката зборува за тоа како нејзината љубовна врска со Бен Афлек е филмска, Родригез ужива на луксузен брод по Медитеранот.
Со него патуваат и неговата поранешна сопруга Синтија, нивните ќерки Наташа и Ела, но и сегашниот сопруг на Синтија.
Сепак, најатрактивниот дел од овој патувачки караван на Родригез е младата Кетрин Паџет, која има само 25 години и која го заземала местото на Џенифер во животот на познатиот бејзбол играч.
Кетрин е модел и вложува многу во својот изглед. Папараците ја снимиле во неколку наврати како вежба и на јахтата додека плови. Вистина е дека Алекс Родригез ужива во нејзиното друштво. Тој со задоволство ѝ се придружувал за време на вежбите, го фотографирал нејзиното тело и се смешкал на нејзиниот изглед.
Гласините дека Алекс Родригез е геј се проширија откако Џенифер со години чекаше да ја вери. А кога тоа конечно се случи, тој не сакаше да стапне на „лудиот камен“, па венчавката неколкупати беше одложувана поради пандемијата и низа непредвидени околности.
Се чини дека гласините се само гласини, бидејќи Алекс ужива во „опуштена“ врска со младата Кетрин.