Ако Мане трипати ја освои „Златната топка“, Ливерпул ќе заработи три милиони евра

Макфакс

20/06/2022

14:56

3.380

Големина на фонт

а а а

Садио Мане утре ќе пристигне на лекарски прегледи во Минхен, а потоа ќе потпише тригодишен договор со Баерн.

Неколку недели траеја преговорите за потписот на Сенегалецот, на крајот Баерн се согласи да плати 32 милиона евра, а Ливерпул ќе може да добие дополнителни шест милиони евра преку бонусите.

Кога ќе се разгледа договор, до дел од парите Ливерпул, веројатно, никогаш нема да дојде. Имено, во договорот се предвидува Баерн да исплати три милиони евра доколку Мане освои три „Златни топки“ во низа.

Втората клаузула, која носи три милиони евра, е реална. Ливерпул ќе заработи доколку Барн во наредните три сезони ја освојува титулата во Бундеслигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг