Мајка ја протерала ќерка си од ноќен клуб и ја удирала со ремен, видеото предизвика расправа на интернет

Точка

20/06/2022

14:44

22.582

Големина на фонт

а а а

Несекојдневна снимка од еден ноќен клуб во перуанскиот град Пакасмајо се појави на интернет, на која се гледа како една тинејџерка се забавува во ноќен клуб, но нејзината мајка упаѓа на забавата.

Откако ја здогледала ќерка си, мајката веднаш ја избркала од клубот, а целиот пат до дома ја удирала со ремен по нозете. Некој од присутните ја снимил целата ситуација со телефон, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Оваа вест ја пренеле и медиумите во Перу кои пишуваат дека девојката не добила дозвола за излегување во клуб, а мајката дополнително се разбеснела кога ја затекнала ќерката како пие пиво.

Под објавената снимка, повеќето луѓе застанале во одбрана на мајката, наведувајќи дека децата мора да ги почитуваат родителите и нивните одлуки, но имало и такви кои сметаат дека мајката претерала со својата реакција и ја довела ќерката во непријатна ситуација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг