Гатузо сака да спаси двајца отпишани играчи од Милан

Дерби

20/06/2022

12:30

2.855

Големина на фонт

а а а

Џенаро Гатузо неодамна беше промовиран како нов тренер на Валенсија и јасно е дека Рино ќе има тешка задача на „Месталја“, од една страна поради историјата на клубот, но најмногу поради сложената финансиска ситуација и ограничувањата кога се во прашање финансиските трошоци.

„Калчомеркато“ тврди дека Гатузо ќе се обиде да спаси двајца отпишани играчи на актуелниот шампион Милан, односно фудбалери кои речиси да не добиваа шанса во сезоната во која беше освоено Скудетото.

Првиот е Само Кастилјехо кој игра како крилен напаѓач, а вториот e Тимуе Бакајоко кој игра како позајмен фудбалер во Милан од Челси, но сепак Валенсија ќе мора да преговара со „росонерите“ бидејќи има уште една година од заемот.

Станува збор за двајца играчи Гатузо навистина добро ги познава и соработуваше со нив во досегашната тренерска кариера, па ако решаваат само фудбалерите, сигурно ќе немаат ништо против да му се приклучат на Рино во шпанската Ла Лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг