Една соседна земја пред цела Европа со најбрзо закрепнување на туризмот

Точка

20/06/2022

23:49

45.181

Големина на фонт

а а а

Европските земји започнуваат забрзано да закрепнуваат од лошите последици поради пандемијата, што најдобро може да се забележи во туристичкиот сектор. Само е прашање на време кога рекордната 2019 година за туризмот ќе биде надмината.

Најбрзо закрепнување на туризмот помеѓу земјите во Европа е забележано во Албанија.

Оваа земја се наоѓа на листата на 10 земји во кои туризмот најбрзо се вратил на нивото пред пандемијата. Врз основа на истражување на интернет порталот „money.co.uk“, бил спореден бројот на туристи пред пандемијата (2019) со податоци од 2021 година.


Од земји во Европа, на самиот врв се наоѓа Албанија, со стапка на закрепнување на туризмот од речиси 90 отсто. По неа следи Луксембург, каде туризмот закрепнал за 70 отсто во однос на последната добра година. На третото место е Исланд, додека на четвртото се најде Црна Гора со закрепнување на туризмот од 64 отсто во однос на 2019 година.

Од земјите во регионот Хрватска е на шестото место, додека Србија е на деветтото место. На десеттото место е Австрија, а најбавното закрепнување на туристичкиот сектор во Европа е забележано во Естонија, Финска, Холандија, Германија и Малта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг