Мароканска компир салата која е на сосема ново ниво: Рецептот е смешно-едноставен, а вкусот неверојатен

Точка

19/06/2022

21:51

36.965

Големина на фонт

а а а

Повеќето домаќинства во Македонија сакаат да подготвуваат салата од компири, а иако кај нас најчесто се служи како прилог со риба, всушност одлично оди со скара и печено месо.

На Балканот традиционално се подготвува со многу кромид, а Американците, на пример, не можат да ја замислат без мајонез!

Овојпат ви пренесуваме рецепт за мароканска салата од компир, која е слична на онаа која најчесто ја јадеме во Македонија, но е збогатена со интересни зачини како коријандер и мелен ким (индиски ким).

Потребни состојки:

- 1 кг. компири

- 20 гр. свежи листови магдонос (или коријандер)

- 3-4 лажици маслиново масло

- 2-3 лажици оцет

- 1 мал кромид

- 1-2 чешниња лук

- сол, бибер по желба

- мелен ким


Подготовка:

Варете ги компирите со кора додека не омекнат. Изладете ги целосно, пред да ги излупите и исечете на мали коцки.

Кромидот и лукот исечкајте ги, зачинете ги и прелијте ги со маслиновото масло и оцет. Добро промешајте.

Во смесата додадете ги исечканите листови, свежиот магдонос и сè измешајте.

Послужете со месо по желба.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг