Ќерката на Бил Гејтс јавно проговори за абортусот – има само 19 години и цврсто стои позади своите одлуки: „Не се плашам од своето тело“

Точка

19/06/2022

17:49

12.489

Големина на фонт

а а а

Темата за правото на абортус во последно време сè повеќе ја тресе светската јавна сцена. Додека многумина се против абортус, други се борат за да се задржи оваа практика и сметаат дека е основно право на секоја жена да одлучи што ќе се случува со нејзиното тело.

Ќерката на Бил Гејтс, според обајвите на нејзиниот Инстаграм профил, припаѓа на овој втор бран. Таа објави слика во костим за капење и јавно го поддржа правото на абортус. Иако е многу млада и има само 19 години, изгледа дека е многу свесна за важноста што овој метод ја има за жените и цврсто стои зад одлуката да ги поддржи сите жени и нивните права.

„Не се срамам од своето тело, ниту пак се срамам да кажам дека со вашите забрани се оддалечувате од него. Секој човек заслужува пристап до заштита од сексуално и репродуктивно здравје. Во моментов Врховниот суд е подготвен да го укине уставното право на абортус. Придружете ми се мене и на милиони други жени во нашата борба за ова основно човеково право“, изјави ќерката на милијардерот Бил Гејтс, Фиби.

Таа објави фотографија на која позира во бело бикини потпрена на ѕид, со рацете на грбот.

„Мое тело, мој избор“, додаде таа на фотографијата, а во коментари ја поддржа и нејзината сестра Џенифер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг