Направете мраз за само пет минути: Научниците после 50 години дошле до заклучок - овој феномен менува сè!

Точка

13/06/2022

11:41

46.911

Големина на фонт

а а а

Постои побрз начин да се направи мраз од оној кој повеќето луѓе го практикуваат.

Во топлите летни денови не треба да чекате ниту еден час за да замрзне водата. Коцките мраз ќе се направат побрзо ако во сад истурите топла вода наместо ладна.

Причината, според Food Hacks, е тоа што, спротивно на логичните очекувања, топлата вода замрзнува побрзо од ладната. Овој феномен е познат како Мпемба ефект, а го добил името по студент од Танзанија кој на 16-годишна возраст забележал дека неговата топла мешавина од сладолед се замрзнува побрзо отколку ладната.

Научниците сè уште не го објасниле целосно овој феномен, а во изминатите 50 години биле спроведени експерименти за да се докажат некои од постоечките теории (како што се теоријата на ентропија, термичка видливост, конвекција или теорија на мраз), како и неодамнешна студија на Универзитетот Нанианг за технологија во Сингапур.


Според многумина, Тексас е поблиску до можното објаснување. Научниците од Универзитетот во Кина и Универзитетот во Тексас тврдат дека врските меѓу молекулите на водата се одговорни за сè.

„Водородните врски се менуваат кога водата се загрева“, рекол водачот на студијата Дитер Крамер, кој грубо објаснил:

„На повисоки температури, повеќето водородни врски се цврсти и послабо се раскинуваат. Додека во поладна вода, повеќето молекули се врзани со водородни врски кои допрва треба да се распаднат за да формираат кристали.

Меѓутоа, ако сакате водата што побрзо да формира мраз, истурете жешка вода во сад во кој нема да се стопи пластиката“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг