Се обидел со автомобил да здроби лименка сок, еве како поминал

Точка

08/06/2022

19:47

35.069

Големина на фонт

а а а

Ако сте од оние кои во детството се обиделе да застанат на лименка сок, лесно ќе го погодите епилогот од овој обид со автомобил.

Без да се навлегува во теории за цврстина, доволно е да знаете дека цилиндрите се многу цврсти структури при аксијално оптоварување. Тоа очигледно не го знае сопственикот на овој спортски "Nissan", кој одлучил со автомобилот да здроби лименка сок. Притоа не сакал да ја прегази, туку одлучил тоа да го направи со составот за кревање со кој е опремен неговиот спортски "Nissan 3703".

Видеото објавено на "Reddit" покажува дека пластичниот браник на автомобилот едноставно нема шанси против обична лименка сок. Барем не под овој агол. Наместо да ја здроби, се случило спротивното - се свиткал долниот дел од браникот.

Среќа во несреќа е што браникот е изработен од полиуретан, па се вратил во почетната позиција. Да бил изработен од некој друг вообичаен материјал, сигурно би пукнал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг