Компанијата на Илон Маск - „SpaceX“, може да се пофали со импресивен ефект досега.
Минатата седмица, компанијата „SpaceX“ ја прославила 10-годишнината од првата Драгон мисија, COTS 2, која опфатила заминување и враќање од Меѓународната вселенска станица (MSS).
Четири години претходно, во септември 2018 година „SpaceX“ првпат ја лансираше ракетата Falcon 1 во орбитата.
Зошто овие датуми се значајни? Доколку ја земеме предвид пошироката слика, компанијата на Илон Маск во релативно краток рок остварила огромен успех во истражувањето на вселената.
Build 1000+ Starships to transport life to Mars. Basically, (very) modern Noah’s Arks.
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2022
Денес може да се пофали со импресивен ефект и сега веќе со рутински летови до MSS, додека нивната иднина звучи како голема авантура од „Ѕвездени патеки“.
Имено, Маск е заговорник на колонизација на Марс, а неодамна нè потсети на амбициозниот проект, откривајќи ја визијата на „SpaceX“.
На прашањето за плановите, американскиот милијардер одговорил: „Ќе изградам 1000+ Starship ракети за транспорт до Марс. Во суштина, модерна Ноева арка“.
Маск со ова потсетил на опширното интервју каде зборувал за бројните проекти, пренесува „Interesting Engineering“.
Да ве потсетиме, „SpaceX“ сè уште не лансирал Starship во орбитата, а планира тоа да го направи во текот на летото, поточно штом ја добие потребната дозвола.
Огромната ракета се состои од два дела – ракетен бустер и транспортен простор, со вкупна висина од 122 метри.
Дали плановите на Маск за колонизација ќе станат реалност, ќе покаже времето. До тогаш погледнете еден интересен прилог за можна организација на живот на Црвената планета: