(Фото) Светот во позитивен шок! На сите пациенти им 'исчезнал' туморот по земањето на тест-лекот Достарлимаб

Точка

08/06/2022

11:40

66.875

Големина на фонт

а а а

Еден лек против канцер, Достарлимаб, покажал ветувачки и досега невидени резултати во мало испитување на повеќе од десетина луѓе со рак на ректумот. Имено, кај сите пациенти болеста почнала да се повлекува и на крајот целосно исчезнала.

Студијата е објавена во „The New England Journal of Medicine“ и, судејќи според неа, туморите целосно исчезнале кај сите пациенти кои го земале лекот.


Лекот бил даден на 12 пациенти со напреднати тумори и сите сега се излечени и здрави, без никакви несакани ефекти. Достарлимаб земале на секои три недели во период од шест месеци.


Лекот го развила американската биотехнолошка компанија Тесаро, а истражувањето било спроведено во онколошкиот центар „Memorial Sloan Kettering“.


Со оглед на тоа дека студијата била спроведена на само 12 пациенти, таа не може да се смета за целосно исправна, односно неопходно е да се спроведе многу поголема студија за да се потврди ефикасноста и безбедноста на лекот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг