Вообичаено мислиме дека Кина е дом на плагијатите во автомобилската индустрија, но очигледно дека и Русија има свој „коњ“ за трка.
Владимир Путин, претседателот на Русија, секако дека ги сака најдобрите работи во животот.
Луксузна колекција на часовници, исполнета со модели „Breguet“ и „Patek Philippe“, недвижнини ширум Русија и Западна Европа и неговата лична суперјахта вредна 140 милиони долари – „Graceful“, се само дел од некои од ставките на неговата листа на скапоцености.
Господин Путин исто така се вози во неверојатно луксузна руска лимузина која е тешка седум тони и има голема сличност со актуелната генерација „Rolls Royce Phantom“ модел.
Познавачите од светот на автомобилизмот, веднаш ќе знаат дека зборуваме за моделот „Aurus Senat“ којшто е официјален претседателски автомобил во Русија, како и официјално еден од најомилените автомобили којшто некогаш бил креиран.
Во стандардна форма, „Aurus Senat“ е тежок помалку од 3 тони, но автомобилот на Путин којшто може да се пофали со оклоп, јако стакло, подна заштита отпорна на бомби, цврсти гуми, интегриран систем за вооружување и самостојно снабдување со кислород, тежок е над 7 тони – приближно исто како и комерцијалниот автобус.
Баш како и „Rolls-Royce“, неговата патничка кабина е исклучително луксузна. Внатрешноста е исполнета со парчиња од вистинско дрво и руска кожа, а фрижидерот со шампањ е стандардна опрема. Него го придвижува 4,4-литарски бензински V8 со двократен турбополнач којшто наводно е развиен во соработка со брендот „Porsche“ во комбинација со еден мотор со електричен хибриден систем благодарение на кој постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч. за само шест секунди.
Истовремено, „Aurus Senat“ чини „само“ околу 245.000 американски долари, што приближно е половина цена од „Phantom“.
„Aurus Senat“ е претставен како руски државен автомобил во 2018 година и го заменил „Mercedes-Benz“ којшто го користел Путин.