(Видео) Бајден му одговори на Маск за лошите прогнози за економијата: „Нека му е среќен патот до Месечината...“

Точка

05/06/2022

13:49

30.551

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден, на новинарско прашање за тврдењата на најбогатиот човек на светот Илон Маск дека има лошо чувство за економијата, му посакал на Маск среќен пат до Месечината и така на харизматичен начин ја отфрлил неговата загриженост.

Бајден тврдењата на Маск дека ќе мора да отпушти 10 отсто од вработените во „Tesla“, изјавил дека „Ford“ врши поогромни вложувања и дека ќе вработи 6.000 нови работници.

„Па, да ви кажам, додека Илон зборува за тоа, „Ford“ надмоќно ги зголемува нивните вложувања. Тие ги зголемуваат своите вложувања и градат нови електрични возила, 6.000 нови вработени, можат да додадат и синдикални вработени...“, изјавил Бајден за новинарите.

Потоа, американскиот претседател додал: „Па, знаете, му посакувам многу среќа на неговиот пат до Месечината“.

Инаку, Маск најави дека би можел да отпушти 10 отсто од работниците во „Tesla“, неколку дена откако на сите работници им наредил прекинување на работата од дома и враќање на нивните работни места. По овие зборови, акциите на „Tesla“ доживеаја пад од осум отсто.

Без оглед на „лошото чувство за економијата“, најбогатиот човек на светот минатата седмица напишал дека рецесијата би била добра работа затоа што „предолго парите се меѓу будалите“.

Корисниците на Твитер коментирале дека лично Маск само во Тексас е ослободен од плаќање 64 милиони долaри данок, а дека „Tesla“ добила 5 милијарди долари државна поддршка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг