Истражувањето открива: 3 намирници кои најздравите луѓе ги јадат за појадок

Точка

26/05/2022

10:36

19.362

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои се обидуваат да ги изгубат килограмите или пак да ја одржат здравата телесна тежина јадат храна со ограничена количина намирници.

Луѓето кои ја одржуваат здравата телесна тежина без откажување од одредени намирници, се неисцрпен извор на информации за експертите.

Експертите од Финска ги проучувале прехранбените навики на 147 здрави лица со здрава телесна тежина во текот на четири месеци.

Истражувачите на чело со докторката Ана – Ли Вуоринен, откриле дека здравите луѓе за појадок вообичаено јадат три видови намирници.


Овошјето било најпопуларниот избор за 51 отсто од испитаниците, млечни производи јаделе 41 отсто од испитаниците, додека пак консумирањето овесни снегулки или пак мусли со ладно млеко избрале 33 отсто од испитаниците.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците својот ден го започнуваат со овој вид на храна.

Најинтересно од сè е тоа што само 26 отсто од испитаниците признале дека со појадокот пијат кафе, додека пак 74 отсто од нив одат на работа и ги завршуваат своите обврски без кофеинска помош.


„Наместо ограничување во исхраната и избегнување на омилената храна, преголемата телесна тежина или дебелеењето може да се спречи доколку поединецот научи да ги слуша потребите на својот организам, а предност му даваат на квалитетот, а не на квантитетот на оброкот“, ги појаснила резултатите од истражувањето Ана- Ли Вуоринен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг