(Видео) Драма во Собрание! „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата“: Џафери ги држи пратениците затворени

Точка

25/05/2022

23:10

14.613

Големина на фонт

а а а

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, стои во објавата на Миле Лефков, кој се вклучи во живо на Фејсбук, директно од Собранието.

Џафери побарал да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагирале и посочиле дека тоа се прави со цел во салата да не можат да влезат и други пратеници. 

„Немате право да зборувате во прво лице“, рече Силјановска, а тој одговори: „Вас во петто ќе ви зборам, оди седи таму не ви дадов збор“, а пратеничката врати: „Знаете каде ви е вам местото“

Џафери на реакциите да не заклучува врати, посочи: „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата. Пребројте пратеници колку има“, а пратениците се собраа околу неговиот пулт. Џафери одново реагираше: „Тргни се од тука, не сум те повикал. Тргни се од тука. Седете на свои места“.

„Кој ти дава право да заклучиш сала?“ одново го праша Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Џафери кажа: „Деловникот“.

„Правото на движење е мое право“, му одговори Мицевски, а Џафери возврати: „Јас сум претседател на Собранието“.

„Кој ти дава право да не заклучуваш тука? Не сум ти затвореник јас тебе. Врз основа на што ме држиш?“, реагираше Мицевски, a Џафери возврати со ист одговор: „Деловникот“.

„Заклучивте врата на пратеничка група надвор од секое поведение. Уставот вели дека движењето е неприкосновено. Си толкуваш деловник како сакаш. За што се боревте, за да не заклучат тука, да не киднапираат? Не сме ние Кастриот! Срамота е бе! Па Кастриот можете да го чувате на бели ѕидови, не пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Влегуваш од грешка во грешка, срамота е ова! Заклучувањето на вратата е скандал. Да заклучиш пратеници, 40 пратеници, кој ти дава право, која е таа сила?“, реагираше Мицески.

И Силјановска имаше жестока реакција.

„Пцуевте, плукавте на избирачко место, што ли ќе доживееме од вас!“, реагира Силјановска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг