Ѓоковиќ го победи новиот пулен на Вајда, Зверев спасуваше меч топка во Париз

Макфакс

25/05/2022

19:28

42.626

Големина на фонт

а а а

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ стигна до 6:2/6:3/7:6(4) победа над светскиот број 38., Словакот Алекс Молчан, новиот пулен на неговиот долгогодишен тренер, Маријан Вајда.

Мечот беше одбележан со првиот меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Вајда, кој сега ја води кариерата на младиот словачки тенисер, Молчан, но Србинот немаше проблеми на „Сузан Ленглен“, не дозволувајќи ниту една брејк-топка до средината на последниот сет, кога беше предоцна Молчан да се врати.

Следен противник за Србинот е Словенецот Аљаш Бедене, кој претходно во четири сета го совлада Уругваецот Пабло Куевас.

Ако Ѓоковиќ немаше проблеми, тоа не може да се каже за светскиот број 3, Александер Зверев, кој спасуваше меч-топка против Аргентинецот Себастијан Баез во второто коло. Откако ги загуби првите два сета, Германецот успеа да направи камбек и да стигне до импресивна 2:6/4:6/6:1/6:2/7:5 победа.

21-годишниот Баез имаше фантастичен старт на мечот, правејќи брејк во првиот гем, за да го освои со 6:2, по што поведе со 4:0 во вториот сет за фантастична предност. Меѓутоа, потоа искуството го направи своето – Германецот ги освои следните два сета за во одлучувачкиот сет Баез да поведе со 5:4, пред Зверев да го комплетира пресвртот.

„Му кажав на Себастијан дека ова е најлошото чувство кое ќе го има на тенискиот терен. Знам како се чувствува бидејќи јас загубив во финалето на САД опен со два сета предност. Но, следната година го освоив олимпиското злато и АТП финалето. Тој е фантастично момче и ќе направи големи работи во овој спорт“, изјави Зверев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг