Истражување открива колку сексуални партнери имале најдобрите љубовници – повеќе од оваа бројка на луѓето им е одбивно

Точка

25/05/2022

19:17

73.475

Големина на фонт

а а а

Откриен е „идеалниот“ број на сексуални партнери после кој може да се сметате за идеален љубовник.

Логично е во сè, па и во сексот, да стануваме подобри со текот на искуството кое го стекнуваме, но од друга страна, преголемиот број на партнери не е баш нешто поради што во очите на другите би биле прекрасен љубовник.

Во истражување во кое учествувал 1.000 мажи и исто толку жени, 52 отсто од луѓето одговорило дека 13 е идеален број за сексуални партнери, додека пак 73 отсто од нив велат дека ги одбива доколку некој имал повеќе од 18 партнери – тогаш имаат друг впечаток.

Ова истражување кое го спровела страница за спојување на луѓето, покажало дека мажите се посклони да спијат со нова партнерка уште на првиот состанок – 77 отсто од нив, во споредба со жените, 39 отсто од нив.


„Големиот број на сексуални партнери за многумина е одбивен, никој не сака да биде само уште еден број во низата. Од друга страна пак, не сакаме да бидеме со некој којшто одвај има искуство во кревет, тоа е рецепт за непристојност. Поради тоа 13 се смета за идеален број на партнери кој гарантира дека личноста е искусна и отворена за уживање меѓу чаршафите“, изјавила претставничка на сајтот, Џесика Леони.

Истражувањето исто така покажало дека 70 отсто од мажите и жените лажат во врска со бројот на претходни сексуални партнери.

Исто така се покажало дека мажите се построги отколку жените и дека 59 отсто од нив кажале дека жените кои имале поголем број на сексуални партнери им се понепривлечни, додека пак истото го мислат 46 отсто од дамите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг