3 собни растенија кои го намалуваат загадениот воздух во домот за 20 отсто

Точка

25/05/2022

18:37

58.302

Големина на фонт

а а а

Собните растенија често ги сметаме за декоративни елементи, но доколку сте одлучиле вашиот дом да биде вистинска оаза на зеленилото, исто така ќе го намалите и нивото на загаденост на воздухот.

Истражување кое било спроведено на Универзитетот во Бирмингем открило дека вообичаените собни растенија можат да го намалат нивото на азот диоксид – вообичаениот загадувач за дури 20 отсто.

Во студијата која била спроведена во соработка со Кралското хортикултурно општество, тимот тестирал три чести собни растенија – Сапатифилум, Драцена и Замија.


Секоја билка била ставена во тесна комора која содржела ниво на азот диоксид.

Резултатите откриле дека сите три билки се во состојба да отстранат околу половина од количината на загадувачи во коморите во текот на еден час.


Тие го прочистувале воздухот без оглед на опкружувањето, вклучувајќи ги и темните, односно светлите услови, како и сувоста, односно влагата.

Д-р Кристијан Франг којшто ја водел студијата изјавил дека „растенијата кои ги избрале се разликувале едни од други, но покажале слична способност на отстранување на NO2 од атмосферата“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг