(Фото/Видео) Таткото на Меган Маркл доживеал силен мозочен удар - го загубил говорот

Точка

25/05/2022

18:21

6.220

Големина на фонт

а а а

Томас Маркл доживеал тежок мозочен удар поради што го загубил говорот, пишуваат странските медиуми. Тој сега е на итно лекување во болница во Америка.

Томас Маркл доживеал мозочен удар седум дена пред да го посети Лондон за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата.

Според странските медиуми, тој го загубил говорот поради мозочниот удар и моментално се наоѓа во американска болница, каде што добил итна медицинска помош.


„Татко ми закрепнува во болница. Бараме приватност за семејството, за неговото здравје и благосостојба. Само му треба мир и одмор. Ние се молиме. Му треба само одмор“, рекла Саманта Маркл, сестрата на Меган Маркл. 

Видеото од хоспитализацијата на Томас можете да го погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг