Заболување коа доаѓа тивко, ги уништува зглобовите, срцето и нервниот систем: Првиот симптом важно е да не го занемарите

Точка

25/05/2022

17:51

20.168

Големина на фонт

а а а

Ревматоиден артритис е прилично сложено заболување кое измачува сè поголем број од луѓето.

Ревматоиден артритис е хронично заболување од воспалителна природа кое прво ги зафаќа зглобовите, но исто така му штети и на нервниот систем.

Причината сè уште е непозната, но се смета дека генетската предиспозиција има важна улога, како и инфекции од вируси и бактерии. Од артритис најчесто заболуваат жените, а ризикот најчесто расте во првите неколку месеци по породувањето.

Одликата на ова заболување е тоа што започнува тивко и тоа може да трае со недели или пак месеци, па дури и да ги зафати поголемиот дел од зглобовите.


Првите симптоми се утринска вкочанетост која не смее да ја занемарите. Најчесто зафатени се малите зглобови на дланките и стапалата, а овој симптом наутро главно трае околу еден час.

Покрај тоа може да имате и други споредни симптоми, како што се губење на апетитот, телесно пропаѓање и зголемена телесна температура.

За ревматоиден артритис не постои лек, само се користат оние кои моментално ги ублажуваат болките, а постојат неколку начини да си го олесните себеси животот.

Потребно е повеќе да одморате и да не бидете под стрес, но истовремено ниту умерената физичка активност нема да ви штети. Важна работа која треба да ја знаете е дека ова може да влијае на менталното здравје, па важно е да препознаете кога ви е потребна стручна моќ.

Од артритис страдаат сите органи, а најмногу срцето и белите дробови. Некои истражувања покажуваат дека болестите на срцето се главна причина за смрт кај пациентите со ревматоиден артритис. Редовно контролирајте го притисокот, редуцирајте ја исхраната и обрнете внимание на холестеролот.


Од природните лекови кои можат да помогнат во олеснувањето на тегобите кај ревматоиден артритис најздрав е зелениот чај.

Истражување од експертите од Универзитетот во Мичиген покажало дека одредени состојки од зелениот чај можат да бидат од огромна помош кај луѓето кои патат од ревматоиден артритис затоа што тие го ограничуваат произведувањето на одредени молекули во имуниот систем кои можат да бидат причина за воспаление во зглобовите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг