Беше легенда на Југославија: На врвот од славата доживеа ужас и почина како бездомничка - последните денови ги поминала во гаража

Точка

25/05/2022

22:32

12.560

Големина на фонт

а а а

Најголемата хероина на југословенскиот рок, обожаваната Маргита Стефановиќ Маги, почина на 18-ти септември 2002 година.

Таа беше мистична девојка со долга црна коса и длабоки темни очи, лице на култниот бенд Екатерина Велика (ЕКВ), „ангел на клавијатури“, црна принцеза на југословенскиот нов бран на рок.

Веќе во средношколските денови, Маги била препознаена како голем уметнички талент, но таа се одвоила од класичната музика и почнала да ја истражува белградската „андерграунд сцена“. Присуствувала на концертот на новоформираниот бенд на Милан Младеновиќ, тогаш наречен Катарина II, а пролетта 1982 година, Маргита се запознала со членовите на „Електричен оргазам“, преку кои дошла и до Младеновиќ.

Во 1986 година, бендот го издава албумот „S vetrom uz lice“. Овој албум беше многу поуспешен од претходните два, донесе хитови како „Budi sam na ulici“, „Ti si sav moj bol“, „Kao da je bilo nekad“, „Novac u rukama“, „Stvaran svet oko mene“. Претстојните албуми „Samo par godina za nas“ и „Dum dumсе“, веќе беа многу помрачни и навестуваа неизбежна пропаст. Членовите на ЕКВ отсекогаш експериментирале со дрога, а со текот на времето нивното експериментирање станало многу зависно.

По распаѓањето на Екатерина Велика, Маргита продолжи да се занимава со музика, но нејзиното златно доба помина. Нејзината зависност од дрога станала уште посериозна откако нејзиниот татко починал во 1996 година. Маргита го продала семејниот стан, купила два помали и со преостанатите пари отпатувала во Индија. Неуспешно се обидела да се излечи од зависноста. По враќањето во Белград ги продала двата стана, а остатокот од парите ги потрошила и завршила на улица како бездомничка.

Последните години од животот ги поминала во напуштена гаража во белградското предградие и во прифатилиште за бездомници во Вождовац. Починала сама и заборавена, на 18-ти септември 2002 година на Инфективната клиника. Имаше само 43 години.

Трагичните судбини на членовите на ЕКВ станаа дел од нејзината темна аура, исто како што уникатните песни што ги компонираа станаа дел од југословенската музичка историја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг