Поради Џони Деп се капела во шампањ, водела љубов во 63 хотелски соби – денеска ќе го брани пред цел свет

Точка

25/05/2022

16:11

26.866

Големина на фонт

а а а

Адвокатите на холивудскиот актер ја повикале популарната манекенка како сведок и сите одвај чекаат да слушнат што точно има да каже Кејт Мос.

Адвокатите ја повикале Кејт Мос откако Амбер минатата седмица изјавила дека Џони Деп ја турнал по скалите славната манекенка.

Популарното модно име и актерот спаѓаат во култните парови, иако во нивната врска немало само меѓусебна љубов туку и љубов кон наркотиците, пијалаците и сè што било „добро“.

Врската траела четири години, а Деп својата драга ја радувал со скапоцени подароци, како дијамантски ѓердани и купки од 36 скапоцени шампањи.

Романсата која се следела на планетарно ниво и која се одвивала од еден до друг скапоцен хотел ширум светот била завршена во 1998 година, баш во моментот кога Кејт се надевала дека ќе се венча со Деп.


Тој во меѓувреме избрал да се ожени со француската актерка и пејачка Ванеса Паради со која три месеци по раскинувањето со Кејт го добил првото дете – ќерката Лили Роуз.

Кејт набрзо по емотивниот крах отишла на рехабилитација, а како што изјавила со години плачела по Деп. Некои и натаму веруваат дека таа е заљубена во својата стара љубов, а странските медиуми истакнуваат дека врската со актерот била клучна во нејзиниот живот.

На крајот, тој е тој којшто побегнал, а знаете како велат – кога ќе ве остави некој кој ви значи, тоа боли со години.

Кејт Мос и Џони Деп единствено разговараат преку нивните адвокати.

Постојат приказни за романсата меѓу Кејт и Џони, а луѓето ги опишуваат како кул пар, но дека Кејт често била на раб плашејќи се од промените на расположението на актерот.


Тука се и приказните за изненадувањата кои Џони ѝ ги приредувал на Кејт, како забави за изненадување за роденден, кога кришум во Лос Анџелес ги довел нејзините родители кои се разведени и пријателите.

Ги замолил да се скријат зад завесите, а потоа на тогашната девојка ѝ приредил ден за паметење.

Актерот кон Кејт бил вистински џентлмен, па ѝ плаќал и апартмани во хотелот „Ritz“ во кој ноќевањето чинело 18.000 фунти, иако манекенката има стан во Париз.

Постои легенда која вели дека Кејт и Џони воделе љубов во 63 соби во хотелот „Chateau Marmont“ во Лос Анџелес.

По раскинувањето Кејт изјавила дека актерот водел сметка за неа и дека секогаш имал искрен и корисен одговор на нејзиното прашање: Што сега да правам?




Спонзорирани линкови

Маркетинг