(Фото/Видео) Вака звучи „Bugatti Bolide“, ѕверот од 1.600 коњски сли и четири милиони евра

Точка

25/05/2022

15:09

31.777

Големина на фонт

а а а

Овој „Bugatti“ е толку „опасен“, што не смее да излезе на пат.

Доволно е да сведочите на стартувањето на моторот и ви станува јасно зошто „Bolide“ е ѕвер кој не смее да се пушта надвор од патеката. Првиот хиперспортси тркачки автомобил на „Bugatti“ ја користи познатата основа со истиот „W16“ мотор, но модификациите, најблаго кажано, се опсежни. Меѓу другото, речиси двојно поголемата цена не била пречка за пронаоѓање на купувачи. Сите 40 примероци кои компанијата ќе ги произведе веројатно ќе бидат распродадени, и тоа по цена која од старт изнесува 4 милиони евра.

Првите испораки се очекуваат 2024-та година, но прототипот веќе е пуштен пред очите на јавноста. Дошол на неодамна одржаниот „Concorso d’Eleganza“. Автомобилот го снимил познатиот јутјубер „TheTFJJ“ и објавил видео кое го прикажува доаѓањето на автомобилот на изложбата.

Ако мислите дека „Chiron“ звучи брутално, слушнете го „Bolide“ опремен со нов издувен систем. Нема сомнеж, на овој болид местото му е тркачката патека, каде среќникот зад воланот ќе може да управува со машина создадена за брзина.

+





Спонзорирани линкови

Маркетинг