И балскиот фустан може да биде чиста провокација: Колумбијката поради која ќе заборавите на Шакира им го забрза пулсот на присутните во Кан

Точка

25/05/2022

22:31

25.097

Големина на фонт

а а а

Меѓу ѕвездите кои синоќа прошетале на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан се нашла и колумбиската убавица која изминативе години ја хипнотизираше планетата.

На 75-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, синоќа премиерно беше прикажана француската драма „Nevini“ во режија на Луј Гарел.

На црвениот тепих се најдоа голем број од славните, а меѓу нив и Аријадна Гутијарез, прославената манекенка и некогашна Мис Колумбија.


Убавата Аријанда се појавила во фустан од син сатен со постава кој ги откривал рамената и го истакнувал деколтето, го нагласил нејзиниот струк, а потоа се шири во раскошен балски крој и ја следи фигурата на тело.

Сепак, не станува збор за уште една бајковита креација, туку Аријадна одлучила да носи провокативен модел со шлиц...

Манекенката носела и проѕирни хеланки со сини кристали со различни димензии, а истите украси се наоѓале и околу струкот во кој се спојувале ленти кои го придржуваат фустанот околу вратот.


Аријанда со несекојдневниот фустан носела и сребрени сандали со високи тенки потпетици, а од накит носела само минијатурни обетки.

Убавата Аријанда во 2014 година била Мис на Колумбија, а тогаш се нашла во центарот на внимание во јавноста затоа што прво по грешка била прогласена за победничка, а потоа морале да ја разочараат пред сите.

Во 2017 година била во врска со италијанскиот плејбој Џанлука Ваки, но љубовта не траела долго.

Аријанда е популарна на Инстаграм, каде ја следат над 3,6 милиони луѓе, а пред неколку години се појавила во акцискиот трилер „xXx: Return of Xander Cage “.




Спонзорирани линкови

Маркетинг