Вучиќ од Давос: Односите меѓу Македонија, Србија и Албанија никогаш не биле подобри

Точка

25/05/2022

13:43

7.777

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ престојува во Давос, каде присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Вучиќ зборувајќи за медиумите за иницијативата Отворен Балкан рекол дека се вклучени повеќе луѓе.

„Задоволни сме од тоа што го имаме. Односите меѓу Македонија, Србија и Албанија никогаш не биле подобри“, рекол Вучиќ.


„Луѓето мислат дека мораме некого да бркаме за да оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги повикавме сите. Ние сме задоволни од тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите“, рекол Вучиќ.

„Кој сака соработка, добредојден е, и тоа е тоа“, рекол српскиот претседател.


„Имате голем пад на популарноста во ЕУ, не само во Србија, туку и во Македонија. Имате клацкалка, треба да се запрашате како народот би гласал денеска. Мора да има вина и кај некои земји членки, не само кај нас. Не можете да барате од една земја во секој момент, да ги менува своите политики според некој друг. Србија е на европски пат, тоа е единствената политика која Србија ја има, но немојте да ни повторувате дека треба да воведуваме санкции. Србите се сеќаваат на тоа што се случуваше пред 20 години. Не можете да се правите дека се е исто, мора да се обидете да разберете, да слушнете, знаеме дека тоа е минато, но барем сослушајте не, слушнете ги нашите маки, немојте секој ден да ни повторувате што сакате од нас, имаме ние свој народ“, рекол Вучиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг