Курт Зума вчера се појави пред Судот за да одговара за обвинението за насилство врз своите мачки, домашни миленичиња кои беа жртви на несоодветното однесување на фудбалерот и неговиот брат.
Дефанзивецот на Вест Хем го признал делото пред Судот во Лондон и наредниот период ќе ја дознае пресудата по која ќе биде јасно како ќе одговара за несоодветното однесување.
Она што дополнително ја шокираше англиската јавност е начинот на кој Зума се појави пред Судот, односно неговото и однесувањето на обезбедувањето кое се обиде да го заштити од присутните фотографи и сниматели.
Бизарниот влез во Судот стана вирален хит на социјалните мрежи, па Зума е наведен како пример како не треба да се појави позната личност на едно судење.
A lesson from West Ham's @KurtZouma on how NOT to arrive for a trial....#WHUFC pic.twitter.com/uIhNpg2xgU